Регионален центар за микро претпријатија

Bez autora
Dec 10 2012

Со финансиска помош на УСАИД во Велес е отворен регионален центар за помош на микро претпријатијата од Вардарскиот регион. На повеќе стотини претпријатија што работат на оваа територија, Центарот ќе им дава бесплатни информации. Ќе врши обуки и консултации за тоа како полесно и поедноставно тие да ги користат тендерите за јавни набавки. Во Македонија голем дел од економијата се должи на мали, па и микро претпријатија. Затоа ова е голема можност за нив да се приклучат кон овој проект и да си ја олеснат работата. Ние сме тука да им помогнеме. Досегашните истражувања покажале дека микро претпријатијата се слабо информирани или многу малку знаат како да ги искористат тендерите за јавни набавки. Токму поради тоа преку овие центри во многу ќе им се помогне.

Регионален центар за микро претпријатијаСо финансиска помош на УСАИД во Велес е отворен регионален центар за помош на микро претпријатијата од Вардарскиот регион.

На повеќе стотини претпријатија што работат на оваа територија, Центарот ќе им дава бесплатни информации. Ќе врши обуки и консултации за тоа како полесно и поедноставно тие да ги користат тендерите за јавни набавки.

- Во Македонија голем дел од економијата се должи на мали, па и микро претпријатија. Затоа ова е голема можност за нив да се приклучат кон овој проект и да си ја олеснат работата. Ние сме тука да им помогнеме - рече Џозеф Лесард, УСАИД.

Досегашните истражувања покажале дека микро претпријатијата се слабо информирани или многу малку знаат како да ги искористат тендерите за јавни набавки. Токму поради тоа преку овие центри во многу ќе им се помогне.

- Наша цел е на микро претпријатијата да им го олесниме пристапот бидејќи истражувањата во Европа, светот и кај нас покажаа дека недоволно се информирани. Ним им недостига помош за да бидат дел од јавните набавки барем во онолкав дел колку што се по број и по значење во економијата. Од една страна тие се значаен чинител не само за националната туку и за локалната економија. Од друга страна пак, се малку застапени на пазарот на јавни набавки - рече Герман Филков, Центар за граѓански комуникации.

Инаку, проектот за пристап на микро претпријатијата до јавните набавки го финансира УСАИД, а го реализира Центарот за граѓански комуникации. Освен во Велес, кој ќе го покрива Вардарскиот регион, ваков центар, со седиште во Штип, веќе функционира за Источниот регион на Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik